Search

Видеоиграта „Фортнајт“ за три дена собра 50 милиони долари за Украина

Компанијата за видеоигри „Епик гејмс“ соопшти дека новата сезона на „Фортнајт“ за три дена собрала над 50 милиони долари, и вети дека ќе ги подари сите пари што ќе ги заработи овие две недели за хуманитарна помош на Украина.

Издавачот на играта „Фортнајт“ на 21 март најави дека ќе ги донира сите приходи од продажбата на видеоиграта, вклучувајќи ги артиклите во играта и виртуелна валута купена во продавница или онлајн, до 3 април.

И „Икс-бокс“ го донира надоместокот што вообичаено би го земал за предметите што ги купуваат играчите во „Фортнајт“.

Собраната сума досега од играчите на „Фортнајт“ е поголема од таа на некои земји.

Fortnite е онлајн видео игра што ја разви Epic Games во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави