Search

Дејвид Бекам ѝ го отстапи својот Инстаграм-профил на украинска докторка

Поранешниот капитен на фудбалерите на Англија, Дејвид Бекам, во неделата ѝ го отстапи својот Инстаграм- профил на докторка која им помага на жените да се породат во источниот украински град Харков.

46-годишниот поранешен играч од средниот ред на „Манчестер Јунајтед“ и „Реал Мадрид“ и сегашен косопственик на американскиот фудбалски тим „Интер Мајами“, им порача на своите 71,6 милиони следачи на Инстаграм да го погледнат неговиот профил за да ја видат работата на д-р Ирина, детски анестезиолог, и нејзиниот тим среде воениот конфликт.

Бекам, амбасадор на добра волја на агенцијата за деца на Обединетите нации УНИЦЕФ, објави видеопорака и ги повика своите следачи да ја поддржат работата на организацијата во Украина.

Веднаш по преземањето на профилот, Д-р Ирина, раководител на Регионалниот перинатален центар, објави видео од подрумот во кој, како што вели, биле евакуирани бремени жени и мајки првиот ден од руската инвазија. Таа сподели и фотографии од новородени бебиња зависни од генератори на кислород што беа донирани од УНИЦЕФ.

Треба да знаете
Последни објави