Search

Двајца помошници на Манчини со Ковид-19, се шпекулира и за петмина заразени фудбалери

Во таборот на фудбалската репрезентација на Италија владее паника бидејќи двајца члена на стручниот штаб на селекторот Роберто Манчини се позитивни на коронавирус.

Тие веднаш се испратени во изолација, но во репрезентациите владее паника да не е заразен уште некој член на националниот тим. Поради тоа веднаш се извршени нови тестирања, но засега информации дали има уште некој позитивен на ковид-19.

– По извршените тестирања за време на собирот на националниот тим, беа пронајдени два позитивни случаи во стручниот штаб во репрезентацијата. Тие веднаш беа испратени во изолација. На позитивните не им беше дозволен пристап во техничкиот центар, но превентивно ќе продолжи будното следење на ситуацијата во следните денови – соопшти фудбалската федерација на Италија која притоа не го откри идентитетот на позитивните на ковид-19.

Италијанските медиуми јавуваат непотврдени информации дека и петмина играчи се позитивни на Ковид.

Оваа шпекулација ја пренесе поранешниот соработник на Манчини во Интер, Дарио Марколин, кој изјави дека двајца членови на стручниот штаб и пет фудбалери биле позитивни при пристигнувањето во тренинг центарот на репрезентацијата.

Треба да знаете
Последни објави