Search

(Видео) Кајли Џенер го смени името на синот, нејзината видеопосвета стана хит на интернет

Кајли Џенер соопшти дека таа и партнерот Тревис Скот го смениле името на новородениот син Вулф (што во превод значи волк).

„Нашиот син повеќе не се вика Wolf. Не чувствувавме дека е тој. Сакав да го споделам ова бидејќи гледам насекаде како пишуваат Wolf”, напиша Кајли на својот Инстаграм-профил.

Таа не го откри новото име.

Кајли ја откри промената на името откако нејзината видеопосвета To Our Son („На нашиот син“) собра повеќе од милион прегледи на Јутјуб за само неколку часа.

Во видеото Кајли прикажува приватни снимки направени од моментот кога добила позитивен тест до самото породување. Во видеото, кое е нешто помалку од десет минути, се појавуваат бремената Кајли, нејзината ќерка Сторми, партнерот Тревис Скот, но и целото семејство Кардашијан-Џенер. Кајли покажува детска соба, луксузен подарок за дете и специјално дрво на кое членовите на семејството ги оставиле своите желби за нероденото момче, напишани на хартија.

Кајли Џенер го роди синот на 2 февруари оваа година.

Треба да знаете
Последни објави