Search

Раниери со совет до Италијанците: Ризик е да се потцени Македонија

Прославениот италијански стратег, Клаудио Раниери во интервју за италијанските медиуми даде краток коментар за мечот кој репрезентацијата на Италија ќе го одигра со Македонија во рамките на полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство кое во 2022 година ќе се одигра во Катар.

Тренерот кој последно работеше во Премиер лигата, во таборот на Вотфорд смета дека многу е опасно за репрезентацијата на Италија да влезе со голем оптимизам на овој натпревар, односно да ја потцени нашата селекција.

Оптимизмот е голем ризик на ваквите натпревари. Најпрво треба да ја минеме таа прва средба, а потоа да размислуваме на следната. Никоја селекција не смее да биде потценета, -потенцираше Раниери во интервјуто за радио „Раи“.

Италија во Палермо ќе ја пречека селекцијата на Македонија во натпревар кој се игра во четврток со почеток од 20:45 часот.

Треба да знаете
Последни објави