Search

Лејкерси загубија, но Леброн стана вториот најдобар стрелец во историјата на НБА

ЛА Лејкерс беа поразени во Вашингтон (127:119), но натпреварот го одбележа Леброн Џејмс кој стана вториот најдобар стрелец во историјата на НБА лигата. Џејмс со 38 коша стигна до 36.947 поени во кариерата. Зад себе го остави Карл Мелоун (36.928), а пред него остана само Карим Абдул-Џабар (38.387).

-Тоа е голема чест за мене и моето семејство, но за мене најважни се победите и поразите. И ние сме поразени, изјави Џејмс.

Џејмс покрај 38 поени (16-29 шут) имаше и 10 скока и 6 асистенции. Лејкерси водеа во почетокот 32:16, но мечот го реши последната четвртина во која домаќинот беше убедлив (34:20). Не помогна што Расел Вестбрук одигра добро втор натпревар по ред (22 поени, 10-15 шут, 10 скока и 8 асистенции). Вашингтон настапи без двајцата најдобри играчи, Бил и Кузма, но затоа дури седум играчи имаа двоцифрен број на поени. Ги предводеше Кристапс Порзингис со 27 поени.

Минесота го победи (138:119) Милвоки на домашен терен, за кој не настапи Антетокунмпо. Карл-Ентони Таунс и Ентони Едвардс го предводеа домашниот тим со по 25 поени. Кај гостите никој не се искачи над 15 поени.

Шарлот Хорнетс неочекувано лесно го победи Далас (129:108). Мајлс Бриџис (23) и П.Џ. Вашингтон (21) го предводеа домашниот тим, додека на другата страна остана сам Лука Дончиќ. Словенецот имаше одличен скор (37 поени, 13-20 шута, 8-12 тројки), но прв зад него беше Франк Нтиликина со само 12 поени.

Кливленд забележа важна победа (113:109) против Детроит. Одличниот Дариус Гарланд постигна 24 поени со 12 асистенции. Гостите ги предводеше Џерами Грант со 40 поени (шут 13-22, тројки 7-9), но сепак на крајот останаа покуси.

Резултати: Кливленд – Детроит 113: 109, Шарлот – Далас 129: 108. Минесота – Милвоки 138: 119, Вашингтон – ЛА Лејкерс 127: 119.

Треба да знаете
Последни објави