Топ-моделот Елса Хоск во нова рекламна кампања

Ветеранката на „Викторијас сикрет“ Елса Хоск го прослави Меѓународниот ден на жената позирајќи во долна облека од тантела во најава на нова рекламна кампања.

Најпосакуваниот шведски модел од висок профил се огласи на Инстаграм, покажувајќи ги своите долги нозе и затегнатите стомачни мускули на три нови фотографии.

Објавата ја наслови: „Денес е меѓународен ден на жената! Нема подобар начин за славење од тоа да бидам дел од нова кампања со толку многу неверојатни жени!“

Следачите на моделот на Lounge Collective коментираа со свои честитки за празникот на жената, со комплименти како „моќна жена“, „преубава“ и „ти благодариме“…на повеќе јазици.

Најголемиот пробив во модниот свет ѝ го донесе ангажманот за „Викторијас сикрет“, станувајќи нивен ангел во 2012 година, па сè до последното шоу во 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави