Search

Кошаркарите на Партизан конечно ја победија Звезда

Кошаркарите на Партизан во третиот меѓусебен натпревар сезонава конечно успеаја да ја совладаат Црвена звезда, и тоа со 98:84 во рамки на 21 коло од АБА лигата. „Црно-белите“ освен што се одмаздија за поразите во првиот дел од сезоната и од финалето во Купот на Србија, ја прекинаа и серијата на Црвена звезда од 17 победи по ред.

Неверојатен натпревар одигра Алекса Аврамовиќ кој постигна дури 31 поен во второто полувреме и ги задржа шансите неговиот тим да го освои првото место пред плеј-офот.

„Црно-белите“ беа подобар тим во првата четвртина која ја добија со 28:21. Во вториот дел одбраната на двата тима доминираше па така Партизан даде само 12 поени, а Црвена звезда 13 поени.

Третата четвртина и припадна на Црвена звезда која ја доби со 24:29, но Партизан го имаше расположениот Аврамовиќ кој постигна дури 31 поен во второто полувреме и беше најзаслужен за одличната игра на Партизан во последната четвртина која ја доби со 34:21 што значеше прв триумф на „црно-белите“ над Црвена звезда сезонава.

Партизан сега има скор 17-3, додека Црвена звезда 17-2, но двете екипи до крајот на регуларниот дел треба да гостуваат кај третиот конкурент за првото место на табелата Будуќност.

Покрај Аврамовиќ кој даде 33 поени, одлична партија за Партизан прикажаа и Кевин Пантер си 22 и Матијас Лесор со 18 поен, додека во редовите на Црвена звезда се истакнаа Дејан Давидовас и Остин Холинс со по 17 поени.

Треба да знаете
Последни објави