Search

ПСЖ без Мбапе поразен од Ница

Ница му го нанесе третиот сезонски пораз на ПСЖ со 1-0 во рамки на дербито на 27.коло во Лига 1.

Стрелец на единствениот гол за домашниот тим беше дело на Енди Делор во 88.минута со фантастичен волеј.
Избраниците на Кристоф Голтије оваа сезона двапати ги вкрстија копјата со ПСЖ и во двата наврати одиграа 0-0, а во пенал-серијата во осминафиналето од Купот беа поуспешни од ривалот.

Парижаните без Килијан Мбапе во составот, поради жолти картони, беа безопасни кон голот на домашниот тим, кој заслужено дојде до три бода со кои се проби на 2.место на табелата со 49 бодови.

Домашните фудбалери одиграа храбро и добија награда во вистински момент. Се играше 88. минута кога Енди Делор се најде на вистинското место за да ги шокира „принцевите“ од престолнината. Можеби ремите ќе беше најправеде резултат, но и триумфот на Ница не беше незаслужен, со оглед на прикажаното на теренот.

ПСЖ останува лидер со 62 бода.

Треба да знаете
Последни објави