Search

Официјално: Фајнл-фор на Евролигата во Белград

Тоа што беше најавено пред неколку дена, денеска е официјално, Белград ќе биде организатор на фајнал-фор турнирот во Евролигата за сезоната 2021/22.

Првично беше предвидено Берлин да биде организатор на завршниот турнир во Евролигата, но поради строгите мерки за коронавирус во Германија, одлучено е тој да се игра  „во еден од најкошаркарските градови во светот, Белград“ и тоа во „Белградска Арена“.

– Белград во овој момент беше најдобра алтернатива за Берлин. Им должиме голема благодарност на владата на Србија и на градот Белград. Очекувам епидемиолошката ситуација да дозволи да имаме спектакуларен турнир – изјави првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 19 мај од 18 и 21 часот, додека финалето ќе се игра на 21 мај од 19 часот. Претходно од 16 часот треба да се игра натпреварот за третото место.

Ова ќе биде втор пат Белград да биде организатор на завршниот турнир во Еволигата, првиот пат беше пред четири години кога Реал Мадрид ја освои 10 титула.

Треба да знаете
Последни објави