Search

Вардар против Веспрем во осмина-финалето од Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ), потврди дека сите тимови, со службен резултат, ќе ги добијат дуелите кои требаа да ги одиграат со тимовите од Русија и Белорусија. Оваа одлука на ЕХФ, значи дека Вардар 1961, ќе го освои петтото место во својата група во Лигата на шампионите.

Вардар 1961, службено го доби дуелот со Мешков Брест и се обезбеди осмина-финална пресметка со Веспрем. Унгарскиот тим, на чија клупа до пред два месеци седеше актуелниот тренер на Вардар, Давид Дејвис Камара, ќе заврши на четвртото место во својата група.

Треба да знаете
Последни објави