Search

Евертон е претпоследниот патник во четвртфиналето на ФА Купот

Венецуелецот Соломон Рондон со два гола го однесе вечерва Евертон во четвртфиналето во ФА-Купот и во пресметка со Кристал Палас за место во полуфиналето во најстарото островско натпреварување, после триумфот на „карамелите“ со 2-0 против нисколигашот Борехам Вуд.

Безмалку еден час се мачеше Евертон за да го скрши Борехам Вуд, па Рондон во 57-та минута ги скрати маките со првиот гол за да го најави триумфот, а во 84-та даде втор гол за да ја запечати победата и да го однесе својот клуб во самата завршница од ова натпреварување.

Пред мечот, на ждрепката Евертон ги избегна гигантите, па го доби Кристал Палас за противик и во викендот на 19 и 20 март ќе се бори за место во полуфиналето.

Треба да знаете
Последни објави