Search

Ањели: Суперлигата е неизбежна, потребни се реформи на фудбалот!

Претседателот на италијански Јувентус, Андреа Ањели кој денеска го објави „новиот проект“ за спорната Суперлига, која лани доживеа фијаско за 48 часа од формирањето, изјави дека неизбежно е создавање на вакво натпреварување, како дел од коренитите промени во европскиот фудбал.

Ањели објави дека Суперлигата ќе претрпи промени од првичниот план за затворено натпреварување на богаташите, ама детали за тоа нема, но во најава е дека сѐ наскоро ќе биде обелоденето.

„Суперлигата не е пропаднат проект. По мое мислење европскиот фудбал мора да претрпи промени. УЕФА знае дека јас како претседател на Јувентус работам на нешто друго. Суперлигата се создаде како колектив од 12 клуба и истите се обврзани за договорот. Компромисот повеќе не е опција, ни требаат големи реформи“, рече Ањели.

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се трите великани кои останаа на идејата од првичните 12 клуба после повлекувањето на девет од нив, два дена по објавувањето на проектот во април лани, а сѐ најмногу зависи од одлуката на Европскиот суд на правдата во Луксембург за тоа дали УЕФА е монопол по што целата ситуација ќе се забрза ако пресудата е во корист на „сепаратистите“.

Треба да знаете
Последни објави