Search

Додик и Лавров разговараа за Дејтонскиот договор

Српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик разговараше со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„По иницијатива на босанската страна, на 28 февруари телефонски разговараа министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик“, соопштија од руската амбасада во БиХ, пренесува Танјуг.

Се наведува дека имало размена на мислења за спроведувањето на договорот што произлезе по средбата на претседателите на Руската Федерација Владимир Путин и Милорад Додик во Москва во декември 2021 година.

„Наведени се чекори за интензивирање на напорите во оваа насока“, се вели во соопштението.

Како што се посочува, „реафирмирана е заедничката определба за строго почитување на Дејтонскиот договор за БиХ, потиснувајќи ги сè поприсутните обиди за промена на принципите содржани во нив и одобрени од Советот за безбедност на ОН за да одговараат на ЕУ и НАТО и на штета на народот на Република Српска“.

Треба да знаете
Последни објави