Гала настан и концерт на Нокаут по повод 8ми Март во Скопје Мериот хотел

Со целовечерен концерт и гала настан во Скопје Мериот хотел, Нокаут ќе ja започне турнејата за одбележување на својот 25 годишен јубилеј и присуство на македонската музичка сцена, овозможувајќи единствена и неповторлива вечер.

Препознатливиот вокал на Никола Перевски Пере и бендот кој изминативе декади беше заштитен знак на нашата сцена, ќе понуди исклучително доживување и музичко патување низ 25 години творештво, исполнето со многу емоции, сеќавања и романтични моменти.

Концертот ќе се одржи на 8ми Март, со почеток во 20.30 часот во Свечената сала на Скопје Мериот хотел, целосно придржувајќи се до сите анти-ковид-19 мерки и протоколи.

Влезницата од лице изнесува 2.900 денари со вклучено ексклузивно мени и неограничено пиење.

Билетите се веќе во продажба и местата се ограничени. Истите можат да се купат од рецепцијата на Скопје Мериот, секој работен ден до 20 часот и за време на викенд до 17 часот.

Повеќе информации на 071 253 820, 070 290 977 или [email protected]

Треба да знаете
Последни објави