Меган Маркл и принцот Хари добија награда од „НААЦП“

Меган Маркл и принцот Хари штотуку се придружија на еден екслузивен клуб, објави „Пипл“.

Војводата и војвотката од Сасекс се појавија на сцената на церемонијата „НААЦП имиџ авордс“ во саботата за да ја примат престижната награда како признание за посебни достигнувања и истакнати услуги во јавоста.

Наградите ги доделува Националната асоцијација за унапредување на правата на афроамериканците (NAACP). Меѓу претходните добитници на оваа чест се Мухамед Али, Џеси Џексон, Колин Пауел, Кондолиза Рајс, Леброн Џејмс и Ријана.

Преку нивната „Фондација Арчивел“, која ја основаа во 2020 година, Хари и Меган ги поддржаа напорите за справување со пандемијата и го фокусираа своето внимание на движењето Black Lives Matter („Животите на афроамериканците се важни“) и на борбата за расна правда.

Во текот на говорот на сцена, Хари се заблагодари на афроамериканската заедница за срдечниот пречек, додека Меган, која ја донесе нејзината мајка Дорија Рагланд на доделувањето на наградите, рече дека „не може да биде погорда“.

„Ние сме толку длабоко понизни што сме овде во друштво на толку многу славни наградени,“ рече Меган.

Хари додаде: „Најпрво, би сакале да му оддадеме признание на народот на Украина, на кој итно му е потребна нашата континуирана поддршка како глобална заедница. Исто така, ја повторувам огромната благодарност за оваа вечер, и за оваа награда и за оваа заедница што ме пречека толку срдечно.“

Треба да знаете
Последни објави