Search

Црвена звезда го растури Партизан и го освои трофејот во кошаркарскиот куп

Кошаркарите на Црвена звезда се освојувачи на Купот Радивој Кораќ откако во финалето лесно со 85:68 го победи вечниот ривал, Партизан.

„Црвено-белите“ со убедливиот триумф го одбранија трофејот што го освоија минатата година кога во финалето го победија тимот на Мега.

Ова е вкупно 11 Куп за Црвена звезда, а осми откако од 2003 година го носи имено Куп Радивој Кораќ и се израмнија со Партизан кој исто така има осум титули (од 2003 година).
Кошаркарите на Црвена звезда доминираа од првата па се последната минута, а дилемите околу победникот беа решени во втората чевртина кога предноста изнесуваше 20 поени.

Калиниќ со 18 поени беше најдобар во редовите на Црвена Звезда каде се истакнаа уште и Холинс со 15, Волтерс со 14 и Марковиќ со 13 поени. Кај Партизан најдобри беа Лесор со 19, Пантер со 14 и Мур со 11 поени.

Треба да знаете
Последни објави