Search

ФИА му врачи отказ на Маси, најголемиот виновник за хаосот на трката во Абу Даби

Мајкл Маси повеќе не е директор на трките во формула 1-шампионатот, откако денеска беше отпуштен поради пропустите направени минатата сезона, а пред сѐ поради хаосот на последната трка во Абу Даби.

Во Обединетите Арапски Емирати на чекор до нова титула беше Луис Хамилтон, но на неколку круга до крајот дојде до инцидент во кој Маси не се снајде најдобро, со оглед што прво не дозволи, а потоа дозволи претекнување на заостанатите болиди. Тоа го искористи Макс Ферстапен, кој на драматичен начин го престигна британскиот конкурент и дојде до победа, а со тоа и до шампионската круна во генерален пласман.

По овој хаос, Мерцедес поднесе жалба меѓу другото и на работата на директорот, која денеска беше усвоена со негов отказ. Претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Мохамед бен Сулајем при потврдата на одлуката напомена дека во иднина ќе има двајца директори, со цел сиот товар да не падне врз плеќите на само една личност.

Треба да знаете
Последни објави