Search

Тажен крај за руската сензација Валиева, нејзината сонародничка Шчербакова златна

Русинката Ана Шчербакова го освои денеска златниот медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, додека нејзината сонародничка Камила Валиева заврши четвртопласирана. Руската тинејџерка, 15-годишната Валиева, според многумина најголемиот талент кој го видел уметничкото лизгање пред денешната слободна програма беше првопласирана, но поради неколку грешки на крајот освои 224.09 бодови што беше доволно само за четвртото место.

Шчербакова, кој по кратката програма во вторникот беше второпласирана, благодарение на денешната слободна програма собра 255.95 бодови, пред нејзината сонародничка Александра Трусова (251.73) и Јапонката Каори Сакамото (233.13).

Петнаесетгодишната Валиева на 7 февруари го освои златниот медал во екипна конкуренција, но ден подоцна беше откриено дека на руското државно првенство била позитивна на лекот триметазидин, поради што церемонијата на доделување медали беше одложена.

Со одлука во понеделникот на Спортскиот арбитражен суд на Валиева и беше дозволено да настапи во поединечна конкуренција, а Меѓународниот олимписки комитет објави дека нема да има доделување медали во оваа дисциплина доколку Валиева заврши меѓу првите три натпреварувачки.

Треба да знаете
Последни објави