Search

Наполи одигра реми на „Ноу Камп“, Дортмунд се посрамоти на свој терен

Наполи остана непоразен на „Камп Ноу“ во дербито на шеснаестфиналната рунда во Лига Европа, откако италијанскиот калчолигаш ремизираше 1-1 на „Камп Ноу“ против петкратниот европски првак, а македонскиот дијамант Елиф Елмас беше најзаслужен со асистенција за ремито.

Елмас со еден потег го изрезили Жорди Алба, па го прати по бурек, пред да му асистира на Пјотр Зиелински за водство на Наполи со 1-0, па ВАР потоа „свирна“ пенал за Каталонците, по кој Феран Торес погоди за Барса да успее да израмни по еден час игра на дербито во кое каталонската гордост се обидуваше да дојде до победа, но не можеше да ја скрши цврстата дефанзива на наполитанците.

Македонскиот репрезентативец играше до 85-та минута кога беше заменет со Марио Руи, а во самата завршица Торес имаше супер шанса и за победа на Барселона, но успеа да промаши од десет метри цел гол.

Екс-европскиот првак Борусија Дортмунд се избламира на својата „Сигма Идуна Парк“, па загуби со 2-4 од Глазгов Ренџерс и шкотскиот великан сега е на добар пат да оди во осминафиналната рунда, а уште еднаш се покажа колку на „милионерите“ им недостига младата норвешка гол-машина Ерлинг Браут Халанд, кој поради повреда не играше.

Траверние и Морелос дадоа два гола во периодот од 38 до 41 минута, Лундстрам погоди во 49-та, а Морелос со својот втор гол во 54-та, три минути откако Џад Белингам го даде единствениот гол за Дортмунд досега. Рафаел Гереро на осум минути пред крајот даде втор гол за Дортмунд на асистенција на Балингем, колку да го ублажи поразот и да го остави ова шеснаестинафинале отворено за идната недела, дека Германците ќе може да достигнат два гола негатива и евентуално да поминат во следната фаза.

Бетис направи голем чекор кон осминафиналето со победата кај Зенит во Санкт Петербург во спектакуларно полувреме со пет гола, па во првиот дел сѐ беше решено за триумфот со 3-2. Родригез, Вилијан Жозе и Гвардадо ги дадоа трите гола за Бетис, а Ѕјуба и Малком за Зенит.

Шериф Тираспол ја победи Брага со 2-0 во мечот на кој од почеток до минута пред крајот играше македонскиот репрезентативец Бобан Николов. Себастијан Тили од пенал во првиот дел и Адам Траоре на седум минути пред крајот беа стрлци на големата победа за Молдавците, кои со убава предност патуваат на реваншот во Португалија во обид да ја продолжат извонредната авропска авантура започната со историскиот пласман во ЛШ сезонава.

Треба да знаете
Последни објави