Search

Лига Европа: Елмас од првата минута ќе игра на „Камп Ноу“ против Барса

Од 18.45 часот на стадионот „Камп Ноу“ ќе се игра првиот натпревар од плеј-оф фазата на Лига Европа за пласман во осминафиналето помеѓу Барселона и Наполи.

Од првата минута за италијанскиот фудбалски клуб ќе стартува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Тренерот Луано Спалети се одлучи за следните 11: Мерет, Ди Лоренцо, Рахмани, Кулибали, Жуан Жезус, Ангиса, Фабиан, Елмас, Зиелински, Инсиње, Осимхен.

На спротивната страна тренерот Чави ќе го стартува дуелот со следните 11 фудбалери: Тер Штеген, Пике, Адама, Педри, Жорди Алба, Феран, Ф. Де Јонг, Мингеза, Ерик, Обамејанг, Нико.

Денеска од првата минута за молдавскиот Шериф Тираспол ќе стартува и Бобан Николов во домашниот меч против португалската Брага (18.45 часот).

Треба да знаете
Последни објави