Search

Дејвис: Вардар со ваков напад и одбрана може секого да победи!

Лошата серија на Вардар во Лигата на шампионите заврши вечерва со неочекуваниот триумф кај одличниот досега Монпелје (28-25), со кој се врати во игра за место во елиминациската фаза, што секако донесе радост на лицето на тренерот Давид Дејвис.

Шпанецот го имаше повторното деби во најсилното европско натпреварување на клупата на црвено-црните, а по успехот во Франција воопшто не го криеше задоволството.

„Честитки за моите ракометари, зашто завршија фантастична работа во дуелот со Монпелје. Ова е важна победа за нас, која дојде по голема борба и нормално дека сум среќен. Нашата одбрана беше добра, голманите беа добри, нападот беше добар и со ваква игра можеме секого да победиме. Задоволни сме од тоа што го прикажавме против еден вака силен ривал“, изјави Дејвис.

Вардар сега е на шестата позиција на табелата, последна што води во нокаут-фазата, со седум бодови, еден повеќе од ППД Загреб, кој има меч помалку и кој следната недела ќе гостува во Скопје во најважниот меч за црвено-црните во групната фаза од ЛШ.

Треба да знаете
Последни објави