Бекам направи тачдаун со копачки од 200.000 долари

Одел Бекам јуниор е еден од оние играчи кои го обележаа 56.Супербоул, во кој ЛА Ремс ги победија Синсинати Бенгалс со 23:20.

Првите поени во големото финале, Ремс, ги освоија преку Бекам, кој забележа тачдаун. Потоа Бекам го повреди коленот, во одида да ја фати топката, непречен од никого, со болна гримаса на лицето падна на теренот.

Поради таа повреда тој го заврши настапот во финалето.

Во моментите додека лежеше на тревата, камерите ги зумираа најскапите копачки во историјата. Бекам во финалето играше со копачки на кои има 1.494 дијаманти. Вредноста на овие копачки е 200.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави