Search

Ѓоковиќ кај Вучиќ: За десет дена ќе раскажам што се случи во Мелбурн

Српскиот претседател Александар Вучиќ, претпладнево го прими најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ. Посетата на Ѓоковиќ предизвика голем медиумски интерес, како што рекол претседателот Вучуќ „невиден до сега“. Ѓоковиќ му се заблагодарил на Вучиќ, на државата Србија, и на сите граѓани во земјата и странство кои му пружиле поддршка во деновите пред Австралија опен, на кој не учествуваше бидејќи властите не му дозволија да влезе во земјата.

„Ги имам примено сите државници во светот, од американскиот претседател до Путин, сите европски лидери, вакво нешто не сум видел, толку голема заинтересираност, новинари стојат во три-четири реда. Вакво нешто не се случило, а 10 години сум на разни функции во власта. Ова само говори колкава ѕвезда сте и што претставувате за нашиот народ“, рекол Вучиќ.

„Постои една работа која предизвикува восхит и која е непроценлива. Новак и јас се слушнавме првото или второто утро во Австралија, по пат само му кажав, а потоа заќутев – Ајде Новак, враќај се назад, што бараш таму. Потоа видов дека човекот е упорен да се бори во спортската арена, дека сака да се избори не само за себе туку и за својата земја и да покаже колку е подобар од сите“, рекол српскиот претседател и потенцирал дека државата ќе даде поголем придонес во развојот на тенисот.

„Вие како претседател на Србија и државата Србија воопшто немавте обврска да го направите тоа што го направивте, чувствувам благодарност што застанавме зад мене, што себе си се ставивте во компромитирачка политичка положба. Поради тоа многу сум ви благодарен“, рекол Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер на медиумите им открил дека за седум до 10 дена ќе ја раскаже својата верзија за се она што му се случи во Мелбурн.

Треба да знаете
Последни објави