Search

Фудбалерот на Лацио, Башиќ ограбен сред Рим

Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Хрватот Тома Башиќ бил ограбен во центарот на Рим кога пристигнувал на ручек со неговите соиграчи во ресторан во италијанската престолнина.

25-годишиот Башиќ излегол од својот автомобил пред ресторанот „Џони Микалузи“, кога маскиран човек со мотоциклистичка кацига му вперил пиштол во ребрата и му го одзем „Ролекс Дајтона“ часовникот. По ова тој се качил на мотоцикл и избегал.

Ова е последен во низата случаи во кои фудбалери во Серија А се ограбени со вперување пиштол, додека кај други имаше пробивање во нивните домови додека тие биле на мечеви. Башиќ пристигна во Лацио од Бордо во август 2021 и досега има 15 настапи во Серија А и 6 во Лига Европа, со еден гол и две асистенции.

Треба да знаете
Последни објави