Search

Уставниот суд денеска ја одржа третата седница, еве што одлучи

Уставниот суд денеска ја одржа третата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред одлучи да:

1. Jа отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 68 став 2 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија” бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018)-Реферат У.бр.130/2021

Подносител: Здружение на граѓани за давање на правна помош на дискриминирани лица „Заштита од дискриминација” од Виница.

2. Jа отфрли иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на член 338 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.149/2021) –Реферат У.бр.131/2021

Подносител: Синдикат на полиција во Македонија-Велес

3.Не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката  за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт 3 04 Блок 04.02, Општина Карпош – Скопје, донесена од Советот на Општина Карпош, број 09-6997/8 од 12.11.2020 година („Службен гласник на Општина Карпош” бр.20/2020)-Реферат У.бр.119/2021

Подносител:Тони Трифуновски, застапуван од адвокат Трајче Китановски

4.Го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 на Уставот на Република Северна Македонија во предметот- Реферат У.бр.141/2019

Подносител: Проф д-р Тања Каракамишева од Скопје

5. Jа укина Одлуката бр.09-1484/7 од 03.03. 2017 година за донесување на Детален урбанистички план за блок ССЗ 01.10, Градска четврт ССЗ 01 Општина Карпош-Скопје („Службен гласник на Општина Карпош”  бр.3/2017), донесена од Советот на Општина Карпош –Реферат У.бр.35/2021

Подносител: Невена Георгиевска од Скопје

Ве потсетуваме дека Уставниот суд го врати брифингот во 13 часот секоја среда, како редовна пракса на информирање на новинарите за повеќе детали од седницата.

Треба да знаете
Последни објави