Search

Наставничка навредувала и психички малтретирала шестодделенци

Три класа шестодделенци од вкупно четири во основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром наместо на час математика, ќе прават сè друго додека да поминат четириесетина минути. Родителите и децата одлучиле да ја бојкотираат часот со наставничката со која како што тврдат самите тие, подолго време имаат мака. Почнувајќи од тоа дека не им ја објаснува добро материјата и сите имаат слаби оценки, па сè до навреди и психолошко малтретирање. Родителите се обиделе на различни начини да добијат институционална реакција за голготата на нивните деца, но засега не добиле никаков одговор. Директорката на училиштето Маријана Панчевска уверува дека се работи на случајот да се открие дали има потреба од казни и дисциплински мерки за наставничката по математика. И самата таа, оваа цела ситуација ја оценува како проблем на училиштето.

Во однос на работата на нејзината колешка, Панчевска кажа дека е побарано советник од Бирото за развој на образованието да дојде и да присуствува на часовите за да увиди каде лежи проблемот во нејзината работа. Во меѓувреме консултирани се и инспектори од Државниот просветен инспекторат.

Треба да знаете
Последни објави