Search

ЕХФ го суспендираше Металург од Супер лигата

Некогашниот македонски ракометен првак Металург е суспендиран од натпреварите во домашното првенство. Ова одлука е донесена од ЕХФ, што значи дека тимот од Автокоманда нема да го игра денешниот дуел против Вардар во Супер лигата, а екипата е суспендирана од сите понатамошни натпреварувања.

Претходно, ЕХФ го суспендира Металург и од меѓународните натпреварувања, а денеска стигна извесување до РФМ дека клубот не смее да се натпреварува ниту на домашна сцена.

Европската ракометна куќа веќе неколку години испраќаше предупредувања до челниците на Металург поради долговите што клубот ги има кон поранешните клубови. ЕХФ претходно бараше сума од 50.000 евра, но не е јасно дали тоа е целиот долг.

Од Металург најавија прес конференција за утре, кога ќе се знаат повеќе детали околу овој случај.

Треба да знаете
Последни објави