Search

Голема полициска акција во БиХ: Најмалку 19 уапсени, меѓу нив и полицајци

Најмалку 19 лица се уапсени денеска во Босна и Херцеговина во голема операција против мрежа на шверцери на наркотици, оружје и воена опрема, потврдија во текот на денот полициски и судски извори.

Акцијата била спроведена на барање на Обвинителството на БиХ, кое соопшти дека главни цели биле луѓе поврзани со други криминални групи во регионот, кои со години се занимавале со трговија со дрога и оружје.

Како што е потврдено, меѓу уапсените има и неколку активни полицајци за кои е утврдено дека соработувале со членови на организирани криминални групи.

Центар на полициските рации, спроведени по налог на судот на БиХ, била Фоча, во источна Босна, а претставници на Министерството за внатрешни работи на Република Српска потврдија дека пронашле и заплениле повеќе од 400 килограми марихуана, прошверцувана во БиХ од Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави