Search

Миркуловски: Подготвени сме на тактички план, можеме да ја изненадиме Словенија

Македонскиот селектор Кире Лазаров на Европското првенство (ЕП) во Унгарија и Словачка ќе добие помош од искусниот Филип Миркуловски, кој доцна им се приклучи на подготовките за турнирот.

Миркуловски пред првиот меч на ЕП против Словенија ги кажа очекувањата од средбата и порача дека може да се надеваме на изненадување.

„Јас доцна пристигнав на подготовките, но сметам дека сме подготвени на тактички план за Словенија, која е фаворит и има ракометари во големи клубови, меѓутоа ние мора да го дадеме максимумот. Сметам дека имаме шанса за изненадување“, кажа Миркуловски.

Македонија го игра првиот натпревар на ЕП против Словенија на 13 јануари од 18 часот.

Треба да знаете
Последни објави