Search

Сакаат да го избркаат, но ако игра и победи, на Ѓоковиќ ќе мора да му изградат споменик

Новак Ѓоковиќ вчера извојува голема победа над австралиските власти бранејќи се пред Федералниот суд од нивните неосновани обвинувања и барем привремено ја избегна депортацијата, за која се залагаа владејачките структури на Австралија.

Се уште постои можност на Србинот да му биде укината визата, па, иако веќе тренира, најдобриот светски тенисер ќе остане без настап на Австралија Опен. Но ако игра и победи може да им остави еден спомен од целиот овој несреќен настан.

Имено, како што истакна тенискиот тренер Дејан Којиќ, „големиот“ голем проблем за австралиската влада „е што доколку Ѓоковиќ успее да го освои трофејот во Мелбурн по десетти пат, неговата биста ќе мора да се изгради пред Род Лејвер Арената.

Треба да знаете
Последни објави