Search

МЈ Родригез е првата трансродова жена која освоила „Златен глобус“

Михаела Хае ‘МЈ’ Родригез испиша историја станувајќи прва трансродова жена која освоила „Златен глобус“ за најдобра актерка во ТВ драма, односно драмска серија,  за нејзината улога како мајка и медицинска сестра Бланка во хит- серијата „Поза“.

Иако оваа година наградите „Златен глобус“ беа проследени со многу контроверзи , церемонијата се одржа во неделата вечерта без телевизиски пренос, без помпа и црвен тепих, а потоа на медиумите им беше соопштено кои се добитниците.

Мј Родригез воедно стана и првата трансродова афроамериканка во историјата која освоила „Златен глобус“.

Реагирајќи на својот Инстаграм-профил откако дозна за наградата, таа напиша: „ Каков роденденски подарок! Ви благодариме! Ова е врата што ќе ја отвори вратата за уште многу млади талентирани поединци. Тие ќе видат дека ова е повеќе од можно.“

Ѕвездата – која го прослави својот 31. роденден само два дена пред победата – додаде дека сега е отворена вратата за други ЛГБТКАИ таленти да стигнат до ѕвездите.

Треба да знаете
Последни објави