Search

(Во живо) Општа веселба и српски ора пред хотелот на Ѓоковиќ во Мелбурн

Додека најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во прифатилиштето за мигранти во Мелбурн го очекува денешното судско рочиште по неговата жалба за одбиената виза, пред хотелот се случува општа веселба на неговите фанови.

Српскиот тенисер веќе четврти ден е во изолација во прифатилиштето, па поддржувачите во Мелбурн се обидуваат со музика во живо, ора и народни песни да го подигнат неговиот дух.

Рочиштето почнува во 10 часот наутро по локално време, а по наше вечерва точно на полноќ.

Случајот со српскиот тенисер со денови е најголема спортска тема во светот, којa толку многу ја заинтригира јавноста што вечерва ќе може во живо да се следи постапката пред австралискиот федерален суд.

Судот ќе одлучи дали тенисерот ќе добие виза за влез во Австралија, каде што треба да ја лови својата 10. титула на Австралија опен и 21-ва на Гренд слем турнирите.

Првично, визата му беше одбиена со образложение дека не приложил соодветни докази во однос на медицинското изземање, кои би го оправдале неговиот влез во земјата иако не е вакциниран.

Треба да знаете
Последни објави