Search

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Словачката скијачка Петра Влхова победи на слаломската трка која за 58. трофеј „Златна лисица” се одржа денеска во словенечкиот ски центар Крањска Гора.

Влхова дојде до својата петта слаломска победа оваа сезона со што ја потврди доминацијата во слалом во алпскиот куп.

Второто место го освои водечката по првото возење Венди Холденер од Швајцарија, за која ова беше 29. слаломски подиум во кариерата без притоа да се искачи на највисокото место.

Како третопласирана на женскиот слалом во Крањска Гора заврши Швеѓанката Ана Свен Ларсон.

Треба да знаете
Последни објави