Search

Рекорден 300-ти гол на Безема за Реал и убедлива победа над Валенсија

Реал Мадрид, по киксот против Гетафе минатото коло, без многу проблеми вечерва со 4:1 ја победи Валенсија и се зацврсти на првото место во шпанското првенство.

Резултатот беше отворен во финишот на првиот дел, кога беше досуден контроверзен пенал по старт врз Касемиро, а Бензема беше прецизен од белата точка. Погодокот на Бензема беше голем јубилеј за Французинот. Тоа беше 300 гол за Бензема во 584 натпревари одиграни за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Тој е само четвртиот фудбалер кој во историјата на Кралевите ја стигна границата од 300 погодоци. Кристијано Роналдо е рекордер со 450 голови, потоа следи Раул Гонзалес со 323 голови, а Алфредо ди Стефано постигна 308 погодоци.

Мечот беше решен по петнаесетнина минути во второто полувреме, Винисиус два пати ја тресеше мрежата на Валенсија за 3-0.

Гуедеш постигна почесен гол за гостите, а Бензема со својот втор гол во завршницата од мечот ги постави конечните 4-1.

Треба да знаете
Последни објави