Search

Пеколен пресврт на „милионерите“: Борусија со три гола за 18 минути триумфираше во Франкфурт

Борусија Дортмунд со неверојатен пресврт дојде до првата победа во оваа календарска година во Бундеслигата.

„Милионерите“ беа пред пораз на гостувањето во Франкфурт кај Ајнтрахт каде губеа со 2-0 од 24 до 71 со головите кои ги постигне Боре.

Меѓутоа фудбалот многупати има донесено чудесни моменти, па така овојпат тоа го направија избраниците на Розе кои од 71 до 89 трипати го матираа Трап за неверојатни 3-2.

Најпрво Азар намали на 1-2 во 71. минута, а Белингам во 87. минута погоди за 2-2. За да биде уште поголем шокот за домаќините се погрижи Дахуд во 89. минута кога стрелаше за 3-2.

Дортмунд е втор на табелата во Бундеслигата со 37 бода, односно шест помалку од лидерот Баерн Минхен, кој вчера загуби на домашен терен од Борусија Менхенгладбах.

Треба да знаете
Последни објави