Search

Ако Ѓоковиќ биде депортиран, може да добие тригодишна забрана за влез во Австралија

Доколку судот во сојузната држава Викторија ја отфрли жалбата на адвокатите на Новак Ѓоковиќ против одлуката за одземање на визата и забрана за влез во Австралија, а со тоа и на турнирот „Австралија опен“, најдобриот тенисер ќе биде депортиран од земјата, со можна забрана за влез во траење од три години.

Тоа е одговорот на австралиските гранични служби на прашање од американската новинска агенција Associated Press (АП) за таквиот можен исход за Ѓоковиќ.

„За лице на кое му е укината визата може да се забрани издавање дополнителни привремени визи во период од три години“, се вели во одговорот испратен по електронска пошта до АП.

Тоа значи дека во случај на таков исход, Ѓоковиќ не би можел да настапи на првиот Гренд слем тениски турнир во сезоните пред 2025. Тогаш тој ќе има 37 години.

Конечната одлука за ситуацијата на Ѓоковиќ ќе биде донесена ноќта од недела кон понеделник по средноевропско време.

Треба да знаете
Последни објави