Search

Џамбазки: Ќе свикаме референдум ако бугарската влада отстапи од позицијата за Северна Македонија

Доколку владата отстапи од официјалната бугарска позиција за Северна Македонија, ВМРО ќе иницира национален референдум за ова прашање. Ова го соопшти европратеникот и заменик претседател на партијата, Ангел Џамбазки.

Според него, можната промена би го „запалила“ бугарското општество и би довело до протести низ целата земја:

„Ги повикуваме претседателот, министрите и политичките партии застапени во парламентот да понесат одговорност за прашањето за Македонија и да не отстапуваат од оваа бугарска позиција“, вели Џамбазки.

Европратеникот лани беше во центарот на вниманието со скандалозниот предизборнен спот насловен „Македонија е бугарска, а Бугарија е над се“. Џамбазки во спотот говорејќи за Македонија рече: „Колку похистирично ја празите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај“. Ангел Џамбазки е од националистичката партија ВМРО-БНД на ексвицепремиерот Красимир Каракачанов кој додека беше министер за одбрана се закани дека ако треба ќе прати еден полк војска во Скопје за да ги тргне спомениците.

Треба да знаете
Последни објави