Search

Уште една жртва во протестите во Судан

Судански демонстрант беше убиен денеска за време на протестите против војската кои извршија државен удар пред повеќе од два месеци, соопштија медицинските лица.

Неидентификуваниот демонстрант беше убиен по „истрел во глава од пучистите додека учествуваше во демонстрациите” денеска во градот Омдурман, соопшти независниот Централен комитет на лекарите во Судан.

Со тоа убиство, бројот на загинати во акцијата по пучот се искачи на 58,  наведоа од тој комитет.

Илјадници Суданци денеска протестираат ширум земјата против воената управа, неколку дена откако цивилниот премиер Абдала Хамдок поднесе оставка, јави ДПА. И покрај зголеменото полициско присуство во Картум, демонстрантите се упатија кон претседателската палата во центарот на главниот град.

Треба да знаете
Последни објави