Search

Спасувачите најдоа лични предмети кои може да помогнат во истрагата за Матеј

Потрагата по исчезнатиот Хрват Матеј Периш влезе во седмиот ден, а попладнево нуркачи, кои еднаш веќе безуспешно го пребараа дното на реката Сава во потрага по телото на момчето, повторно се ангажирани, пишуваат српските медиуми.

Дарко Ковачевиќ од Мрежата за опасност на Србија изјави дека со детална потрага се „најдени некои трагови“ кои би можеле да одговорат на прашањето на кое место 27-годишниот Периш влегол во реката.

„Во принцип, тело секогаш се бара низводно, ако постојат информации дека некоја личност на одредено подрачје воопшто влегла во вода. Но, бидејќи тоа досега не е целосно потврдено, пронајдени се некои траги, па постои основано сомнение дека сепак местото на влегување било многу погоре по реката. Тогаш тргнавме оттаму. Тоа се некои лични предмети кои се најдени. Сега се истражува секоја можност, навистина сите сакаме таа млада личност да се најде. Сите ние и натаму се надеваме дека ќе го најдеме во некои многу посреќни околности“, изјави Ковачевиќ.

Тој вели дека нуркачите се соочуваат со исклучително тешка и напорна работа, која дополнително е отежната поради слабата видливост и ниската температура.

Треба да знаете
Последни објави