Search

Почина легендарниот режисер Питер Богданович

Питер Богданович, познат по филмови како „The Last Picture Show“, кој му донесе две номинации за Оскар, „Targets“, „Paper Moon“, „What’s Up, Doc?“, „Mask“, „The Thing Called Love“ итн., почина денес на 82 годишна возраст.

Богданович почина нешто по полноќ во четвртокот по природна смрт во неговиот дом во Лос Анџелес, изјави неговата ќерка Антонија Богданович за „Hollywood Reporter“.

Богданович имал еврејско-српско потекло. Имено, неговата мајка била Херма Робинсон со еврејско потекло, а татко му Борислав Богдановиќ со српско потекло.

Тој се прослави со неговиот втор филм „Последната кино-претстава“, за кој заработи номинација за Оскар за најдобра режија и го претвори во нова режисерска ѕвезда, но го означи и почетокот на бројните скандали и трагедии кои го одбележаа неговиот живот. Имено, тој потоа се разведе од поранешната сопруга Поли Плат за да започне врска со актерката Сибил Шепард, ѕвездата на филмот кој го прослави. Додека траеше нивната врска, Богданович уживаше и највисока репутација во Холивуд, создавајќи ги хитовите „Зошто татко ти те пушта сама“, „Месечината од хартија“ и „Кино за грош“.

Врската на Богданович и Шепард заврши кон крајот на 1979 година, по што тој започна љубовна врска со убавицата на Плејбој- Дороти Стратен, која ја ангажираше во неговата романтична комедија „Сите се смееја“. Таа врска заврши со бруталното убиство на Стратен од страна на нејзиниот поранешен сопруг Пол Снајдер, а Богданович беше длабоко потресен од нејзината смрт и никогаш не се опорави од тој шок.

Треба да знаете
Последни објави