Search

Петковски: Бугарија беше и остана наш голем непријател

Национал-шовинистичките изјави на Румен Радев, на Слави Трифонов и сличните на нив бугарски политичари, само потврдуваат дека Бугарија беше и останува голем и засега единствен отворен непријател, напиша на Фејсбук Тито Петковски.

„Ако се има предвид дека овие пораки од Бугарија доаѓаат само ден пред најголемиот христијански празник Божик, станува јасно дека се работи за луѓе без основни морални скрупули. Ако вака се однесуваат кон братска Северна Република Македонија, како што вели Румен Радев, како ли се однесуваат кон оние, кои не им се браќа?“, напиша Петковски.

Треба да знаете
Последни објави