Search

Камала Харис со повик до Американците да се „обединат” за да ја „бранат демократијата”

Американската потпретседателка Камала Харис ги повика денеска Американците да се „обединат” за да ја „бранат демократијата”. Таа го упати повикот една година по упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, извршен од приврзаниците на Доналд Трамп.

„Американскиот дух е ставен на тест”, рече таа на церемонијата во Конгресот по повод мрачната годишнина.

„Треба да се обединиме за да ја одбраниме нашата демократија”, додаде Харис.

Треба да знаете
Последни објави