Search

Димитријевиќ пак позитивен на коронавирусот

Македонскиот плејмејкер, Ненад Димитријевиќ повторно некое време ќе биде надвор од терените, а причината за тоа е позитивен тест на коронавирусот.

Димитријевиќ вечерва требаше да биде еден од адутите на Валенсија на средбата против Бурсаспор во Еврокупот, но последните тестирања покажале дека тој е заразен со КОВИД-19.
Тој веќе е во изолација, но добро се чувствува.

Популарниот Нено нема среќаа оваа сезона во новиот клуб, затоа што истата ја отвори со одлични настапи, но следуваше незгодна повреда и пауза од скоро два месеци.

Треба да знаете
Последни објави