Search

Општина Кисела Вода целосно ја осветли трим патеката

Комплетно е осветлена трим патеката во Кисела Вода. Општина Кисела Вода постави нови дополнителни столбови на потегот од општина Центар, кон делот кој води кон новиот парк на Есенинова. На оваа локација, се работи за седум нови петметарски столбови со лед светилки. Дополнителни единаесет нови светлосни столбови се поставени и во продолжението кое води кон внатрешноста на Кисела Вода. Со подобрувањето на електричната дистрибутивна мрежна инфраструктура, оваа пешачка патека лоцирана покрај железничката пруга, покрај тоа што редовно се чисти, сега може да се користи и во вечерните часови. Ова е од големо значење за жителите на Кисела Вода, но и на Аеродром и Центар, бидејќи е локација која редовно се користи за одмор и рекреација.

Воедно, Општина Кисела Вода реадовно реагира на сите пристигнати пријави од граѓаните поврзани со прегорени светилки и  постапува по барањата за дополнително улично осветлување, со што се подобрува и ликот, но и безбедноста во овој дел од градот.

Треба да знаете
Последни објави