Search

Марија Захарова: ОН да одговорат, Приштина се обидува да го собори УНМИК

Русија очекува дека раководството на Обединетите нации соодветно ќе реагира на постапките на Приштина против претставниците на мисијата на ОН на Косово и Метохија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров, коментирајќи ја одлуката на Приштина да прогласи за персона нон грата руски функционер во УНМИК.

Захарова оцени дека прогласувањето на рускиот функционер во УНМИК за персона нон грата претставува продолжување на провокациите на Приштина со цел да се заострат меѓуетничките односи во регионот, да се дискредитираат ОН и конструктивната улога на Русија на Балканот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи го осуди секој обид за ограничување на активностите или протерување на мисијата на ОН од Косово и Метохија, „со преземање агресивни чекори кои може да се спротивни на духот и писмото на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.

Треба да знаете
Последни објави