Search

Твитер-профилот на Мерџори Тејлор Грин трајно укинат

Компанијата „Твитер инк.“ (Twitter Inc) во неделата соопшти дека трајно ѝ го забранил личниот профил на претставничката на Републиканската партија, Мерџори Тејлор Грин, поради твитови со кои во неколку наврати ги прекршила правилата во врска со ширење дезинформации за Ковид-19.

Конгресменката од Џорџија е првата членка на Конгресот на која Твитер- профилот ѝ е трајно укинат.

Твитер претходно издаде краткорочна суспензија за профилот на Грин, поради твитови за Ковид.

„Твитер е непријател на Америка и не може да се справи со вистината“, напиша Грин на апликацијата за пораки „Телеграм“, додавајќи дека платформите на социјалните медиуми не можат да спречат ширење на вистината. „Големата технологија не може да ја спречи вистината. Комунистичките демократи не можат да ја спречат вистината“.

Официјалниот профил на конгресменката останува активен на Твитер и има 390,000 следачи, нешто помалку од 465,000 на нејзиниот забранет личен профил.

Грин претходно беше на удар на критики поради коментарите за пандемијата. Минатиот јуни таа се извини откако барањата за маски и вакцинирање против Ковид-19 ги спореди со холокаустот кој уби шест милиони Евреи.

Треба да знаете
Последни објави