Search

Новиот в.д директор на ЈП Комунална хигиена, Зухди Енуз денеска ја презема функцијата

Во текот на денешниот ден, новоназначениот в.д. директор на  ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз, официјално ја презема функцијата од досегашниот директор Абдусамед Шабани.

Енуз и Шабани разговараа за активностите поврзани со собирањето и транспортот на комуналниот отпад и предизвиците при раководењето со едно од најголемите јавни претпријатија коешто е од витално значење за функционирањето на градот Скопје.

Зухди Енуз е дипломиран правник, а досега бил активен во приватниот деловен сектор како менаџер на повеќе компании.

Треба да знаете
Последни објави