Search

Николас Кејџ не сака да го нарекуваат „глумец”

Оскаровецот познат по улогите во филмовите како „Напуштањето на Лас Вегас”, „8 милиметри” и „Без лице” – Николас Кејџ изјави дека „не е воодушевен” кога го нарекуваат актер.

– За мене тоа секогаш звучи – „О, тој е одличен глумец, затоа е голем лажго”, објаснува тој, додавајќи дека го претпочита терминот „теспијанец” (thespian, според Теспис – првиот забележан глумец во Стара Хелада и во светот воопшто).

– Затоа што глумата е работа што ја работиш со срце или дека ја користиш својата имагинација, сеќавања, соништа и дел од даваш дел од сѐ тоа за да комуницираш со публиката, вели Кејџ.

Тој е актуелен со филмот „Свиња” (Pig), па за режисерот на ова дело – Мајкл Сарноски, Кејџ вели дека тој е „aрхангелот Михаил”.

– Знаев дека по неколку обиди за мое маргинализирање во студијата, кога никој не сакаше да ме повика, дека ако некој ќе ме покани… И, оти тоа ќе биде некој млад режисер кој се сеќава на моите претходни филмови и ќе знае дека сум во право за неговото сценарио. И затоа, тој не е само Михаил (Мајкл, заб.п.), туку Архангел Михаил!, нагласи глумецот.

Треба да знаете
Последни објави