Search

Во Багдад соборени два дрона чија цел биле трупите на меѓународната коалиција 

Два дрона утрово со експлозив се соборени пред да ги нападнат трупите на антиекстремистичката меѓународна коалиција предводена од САД во Багдад.– Цел на двата вооружени дрона беше аеродромот во Багдад, каде се наоѓа воената база на мал број трупи на коалицијата, изјави неименуван извор.

Нападот се случи на втората годишнина од смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани и неговиот соработник од Ирак. Тие беа убиени при американски напад со дрон на аеродромот во Багдад.

Треба да знаете
Последни објави